Билиќ пред отказ во Вест Хем, Томас Тухел можен наследник

Вест Хем загуби уште еден натпревар на домашен терен, па менаџерот Славен Билиќ повторно е на жежок оган. Медиумите на Островот најавуваат дека би можел да биде сменет во наредните неколку дена, а прв фаворит за неговото столче е Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд.

Фановите на Вест Хем се апсолутно незадоволни од стартот на сезоната на својот тим, а тоа се рефлектира и на раководството на клубот кое веќе ја почна потрагата по наследникот на Билиќ. Хрватот се спаси од отказ со победата над Хадерсфилд, а потоа тимот остана непоразен и на гостувањето против ВБА. Меѓутоа изданието против Тотенхем не беше убедливо, иако се работи за силен противник, а Вест Хем при крајот сепак се врати и се надеваше на реми. Но, поразот си е пораз (2-3), а Вест Хем се наоѓа во опасната зона на табелата.

Прашање е дали Славен Билиќ ќе ја преживее и оваа седмица на кормилото на „чеканите“…

Се вчитува...