Билиќ се „крсти“ во Обијанг и Ају, Вест Хем со први бодови во Премиер-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Билиќ се „крсти“ во Обијанг и Ају, Вест Хем со први бодови во Премиер-лигата

Билиќ се „крсти“ во Обијанг и Ају, Вест Хем со први бодови во Премиер-лигата

Славен Билиќ засега останува менаџер на Вест Хем, откако неговата екипа го совлада Хадерсфилд и ја обезбеди првата победа во Премиер-лигата за оваа сезона. „Чеканите“ славеа со резултат од 2-0 на олимпискиот стадион во Лондон, додека тимот на Дејвид Вагнер за прв пат почувствува пораз во најелитната англиска лига.

Доминантно прво полувреме на екипата на Вест Хем, иако поседот на топката припадна на Хадерсфилд. Џо Харт немаше апсолутно никаква работа, бидејќи гостинската екипа испрати само еден шут кон него, но и тој на крајот не заврши во рамките од голот на Харт, додека на другата страна одбраната на Хадерсфилд се изнамачи да ја сочува мрежата. Избраниците на Билиќ можеа да стигнат до водство во 13. минута, кога Микел Антонио создаде простор за нафрлување, Чичарито од прва се обиде да го совлада голманот на гостинскиот тим, но неговиот удар заврши во пречката.

DJeIot4XoAAZLo0

Во вторите 45 минути Хадерсфилд даде поголем отпор, конечно го разработија и Харт, но без позериозни шанси за гол. Конечно, првото славје за Славен Билиќ и неговите фудбалери стигна во 73. минута, кога Педро Обијанг донесе предност за „чеканите“ откако неговиот удар се одби од Јоргенсен кој го смени правецот на топката, а Лусл беше немоќен во обид да го спаси својот гол. За Хадерсфилд ова е прв примен гол во нивната дебитантска сезона во Премиер-лигата, и воопшто за прв пат се најдоа во резултатска негатива по трите воведни кола. Само три минути подоцна, репрезентативецот на Гана, Андре Ају по само 10 минути откако влезе на теренот, го постигна вториот гол за Вест Хем и ги обезбеди првите бодови за неговата екипа во оваа сезона.

Вториот примен гол за Хадерсфилд беше повик за будење. Во обид да се намали разликата или воошто да се стигне до израмнување, Том Инс се најде пред голот на Харт, но неговиот удар со глава заврши во еден од одбранбените играчи на Вест хем, а потоа и во пречката, па резултатот остана непроменет до крајот на средбата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.