Битка за опстанок во Гевгелија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Битка за опстанок во Гевгелија

Во пресрет на утрешното вечно дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, денешниот ден на кошаркарските терени ќе донесе два натпревари, меѓу Кожув и АБА Струмица и меѓу Вардар и Фени индустри. Поинтересен се очекува да биде оној во Гевгелија, кој што ќе почне во 19 часот, кој што воедно и претставува битка за опстанок меѓу двата тима што се наоѓаат на последните две места на табелата. На досегашните десет меча, Кожув забележа само една победа, наспроти две на АБА Струмица, па јасно е зошто гевгеличани се решени да слават на овој меч и да си ги зголемат шансите во битката за опстанок. 
 
Знаеме дека мечот со АБА Струмица е многу важен за нас во битката за опстанок овој тим ни е главен ривал. Јас пристигнав за да помогнам во изборувањето на опстанок и сметам дека со кошаркарите што ги поседува, Кожув заслужува да остане во елитата“ – изјави Мико Голубовиќ, најновото центарско засилување за гевгеличани. 
 
Првиот меч сезонава меѓу овие два тима заврши со триумф на АБА Струмица од 76-65, но од тој натпревар струмичани ги напуштија клучните кошаркари Брукс, Босвелт и Хаџивасилев, на што се должи и падот на табелата на оваа екипа.
 
Денеска со почеток во 18 часот во СРЦ Кале ќе се одигра и дуелот меѓу Вардар и Фени индустри. Јасно е дека актуелниот шампион е огромен фаворит за триумф на оваа средба, но „вардарци“ сигурно ќе дадат се од себе за да се обидат да ја прекинат фантастичната серија на кавадарчани од десет победи по ред од стартот на сезонава. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.