Битола сака ракомет, ама Пелистер е далеку од славните времиња (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Битола се сака ракометот, овој спорт има голема традиција, а салата „Младост“, сега малку поддотерана, и вечерва беше исполнета, на дуелот против Металург. „Чкембари“ дадоа посебен ритам, останатите навивачи го следеа, а на крајот и им аплаудираа на актерите на двете екипи. Сепак, тимот на Касим Каменица е далеку според квалитетот од некогашните славни времиња. „Металурзите“ дојдоа и си ги однесоа бодовите, а на битолчани им останува да се надеваат дека во иднина сепак ќе можат да бидат поконкурентни…

[new_royalslider id=”579″]

Се вчитува...