Битолско дерби на стартот, Вардар – Металург во последното коло од плејофот

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денеска со ждрепка беше утврден распоредот за претстојните натпреварувања во плејоф и плејаут од елитното ракометно друштво.

Тимовите кои доминираат на ракометната сцена во изминатите години, Металург и Вардар, ќе се сретнат во последното коло, во меч што би можел дури и да решава за шампионската титула.

Во првото коло ќе можеме да проследиме битолско дерби меѓу Работник и Пелистер, Охрид ќе го пречека Вардар, додека Металург ќе биде домаќин на тимот на Пролет

На стартот од сезоната во п.лејаутот ќе се сретнат: Борец – Прилеп и Радовиш – Вардар јуниор , додека тимот на Металург 2 е слободен во првото коло

Првото коло од плејофот и  плејаутот ќе се игра на 24 и 25 март.

Се вчитува...