Бизарна повреда: Асенсио го пропушта мечот со АПОЕЛ поради инфекција од депилирање - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Бизарна повреда: Асенсио го пропушта мечот со АПОЕЛ поради инфекција од депилирање

Бизарна повреда: Асенсио го пропушта мечот со АПОЕЛ поради инфекција од депилирање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ќе го пропушти вечерашниот дуел против АПОЕЛ Никозија во Лигата на шампиони, поради инфекција на ногата со која се здобил откако се депилирал.

Шпанецот не може да ги облече фудбалските чорапи, поради инфицираното место на ногата, па мечот ќе го следи од трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Ако се знае дека тренерот Зинедин Зидан ќе го нема на располагање и Карим Бензема кој е повреден, јасно е дека навалната линија на „кралевите“ ќе биде ослабена. За нивна среќа, во тимот се враќа Кристијано Роналдо, кој одлежува суспензија во Шпанија, но има право за настап во Лигата на шампионите.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.