Бизарна повреда: Стајиќ вон стројот на репрезентацијата

Македонската репрезентација утре тргнува за Словачка, каде ќе одигра два контролни натпревари со домашната селекција. За жал, последниот ден од подготовките во Маврово го донесоа и првиот посериозен проблем за селекторот Јорданчо Давитков, кој во следниот период нема да може да смета на услугите на Бобан Стајиќ.

Плејмејкерот настрада на еден од последните тренинзи во Маврово, и тоа откако ја заглавил ногата на лепакот останат на подот од младинската ракометна репрезентација, која претходно имала тренинг во истата сала. Првичните информации велат дека станува збор за проблем со коленото, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат дали и Стајиќ ќе може да се рехабилитира навреме за да настапи во овие претквалификации.

Воедно, Давитков го скрати и списокот на патници за Словачка, каде дел од националниот тим нема да бидат Александар Штерјов, Горјан Марковски и Предраг Пајиќ.

Се вчитува...