Бизнис-лига: ЈСП на пенали до полуфиналето

Со денешните две средби официјално стартуваше „фајналејт“ турнирот како завршница на овогодинешното издание на Бизнис-лигата.

Лукоил лесно до победа над Пекабеско

Лукоил 6-1(1-0) Пекабеско

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 18’ 25’ 34’ Марјан Цветковски 27’ Љупчо Апостоловски 28’ Дејан Зиков 40’

Пекабеско: Дејан Неделковски 35’

lukoil pekabesko

Final 8 фазата ја отворија екипите на Лукоил и Пекабеско. Уште на самиот старт и двете екипи наметнаа жестоко темпо, што најави квалитетен и динамичен натпревар. Екипата на Лукоил преку контранапад успеа да поведе со 1-0, резултат кој го задржаа до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше со притисок во предно поле да дојде до израмнување што му овозможи на Лукоил да развие брз контранапад преку кој успеа резултатски да се одлепи. Во ваквата игра екипата на Лукоил ја одржа стекнатата предност до самиот крај и дојде до убедлива победа од 6-1.

ЈСП во пенал завршница го совлада Трансмет

ЈСП 1-1(1-1) Трансмет (4-3 по пенали)

ЈСП: Љупчо Павловиќ 17’ | Даниел Антовски (п) Дејан Блажевски (п) Велко Серафимовски (п)

Трансмет: Бобан Велјановски 18’| Живко Стојковски (п) Един Скендеровиќ (п)

jsp transmet1

Во вториот четверт финален дуел силите ги одмерија екипите на ЈСП и Трансмет. И двете екипи влегоа во доста агресивно, мотивирано и со огромна желба за победа, во текот на целото прво полувреме се играше егал натпревар во кој и двете екипи даваа максимум во секоја минута од полувремето. Екипата на ЈСП преку Љупчо Павловиќ во 17. минута прва дојде до водство по што следеше брз одговор од Бобан Велјановски од екипата на Трансмет кој за нецела минута успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме се играше доста агресивно на раб на фаул, па од тука и малкуте шанси за гол и на двете страни. И оние мал број можности за гол кои беа изработени од добри напади беа блокирани од цврстата одбрана на која впрочем беше и ставен целосен акцент. Во текот на целото второ полувреме ниту една од екипите не успеа да постигне гол по што се влезе во пенал завршница. Во ваквата завршница екипата на ЈСП се чини дека беше по присебна и успеа да извојува победа и влез во Ф4 фазата по изведувањето на пеналите.

Се вчитува...