Бизнис-лига: ЈСП за едно полувреме го реши Пекабеско - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06
Фудбал
19/08/2017 18:54
Останато
19/08/2017 18:06

Бизнис-лига: ЈСП за едно полувреме го реши Пекабеско

Бизнис-лига: ЈСП за едно полувреме го реши Пекабеско

Нови два натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата.

ЈСП со добар старт до победа над Пекабеско

Пекабеско 2-4(1-4) ЈСП

Пекабеско: Маријан Величковски 19’ Петар Кипрановски 37’
ЈСП: Велко Серафимовски 1’ 4’ Дејан Блажевски 6’ Љупчо Павловиќ 12’

jsp pekabesko2

Екипата на ЈСП во дуелот со Пекабеско влезе уште на самиот старт со сериозен пристап максимално сконцентрирана што и овозможи да го изненади Пекабеско и во раната фаза од натпреварот да стекне предност која на крајот од првото полувреме изнесуваше 1-4. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше во текот на целото полувреме да ја стигне предноста која ја направи ЈСП во првото полувреме.  ЈСП сепак благодарение на цврстата одбрана успеа да го задржи водството и извојува победа од 2-4.

Алексовски ја донесе победата на Рамстор во дуелот со Оне.Вип

Рамстор 5-1(2-0) Оне.Вип

Рамстор: Михрем Мемед 3’ Ведат Арслан 18’ Зоран Алексовски 36’ 37’ 38’
Оне.Вип: Филип Ицковски 32’

ramstor onevip

Екипата на Оне.Вип во дуелот со Рамстор уште на самиот старт настапи со Србаков како голман играч и со ваква формација успеа да му пружат отпор на Рамстор во првата половина од првото полувреме но во втората половина од полувремето дојде до пад на концентрацијата кај Оне.Вип по што му се пружи шанса на Рамстор да реализира и дојде до водство кое на полувремето изнесуваше 2-0. Во второто полувреме екипата на Оне.Вип во 32та минута преку Ицкоски успеа да го намали резултатот на 2-1, но по правовремениот тајм аут на тренерот на екипата на Рамстор Иметовски Алтај екипата ги консолидираа своите редови и преку Зоран Алексовски кој постигна три гола дојде до победа со резултат од 5-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.