Бизнис-лига: Матрикс ја растури Окта

Три нови натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата…

Аџибадем Систина во неизвесна завршница до победа над Вип

Аџибадем Систина 3-2(2-0) Вип

Аџибадем Систина: Бојан Саздовски 3’ Александар Јаневски 18’ Далибор Дамјановиќ 33’

Вип: Зоран Николоски 23’ Илчо Удовалиев 31’

vip sistina

Прво полувреме во висок ритам одиграа Систина и Вип, двете екипи уште на самиот почеток влегоа жестоко во беспоштедна борба. Во таквата бркотница низ теренот видовме рано водство уште во 3. минута за екипата на Систина со одличниот погодок на голманот Саздовски. По ова, екипата на Вип во фаза на напад се обидуваше преку својот голман да направи вишок играч во нападот и да постигне погодок за израмнување. Сепак таквата отворена игра на екипата на Вип успеа да ја искористи екипата на Систина и на полувреме да замине со водство од 2-0. Во второто полувреме уште на самиот почеток екипата на Вип вршеше притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 23. минута преку Николовски и намалување на водството на Систина на 2-1. Во 31. минута екипата на Вип од прекин со одличен погодок на својот голман Удовалиев успеа да дојде до израмнување од 2-2. По ова натпреварот влезе во неизвесна завршница, но сепак екипата на Систина беше поснаодлива и успеа да го заврши овој натпревар во своја корист.

Матрикс убедлив во дуелот со Окта

Окта 2-8(0-6) Матрикс

Окта: Никица Богдановски 23’ Драганче Стојановски 31’

Матрикс: Мирко Богески 8’ Дарко Насевски 9’ Алампиоски 12’ 19’ Брњарчевски 15’ 19’ Петре Даиловски 31’ 37’

matriks okta2

Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Матрикс започна динамично со по неколку шанси и на двете страни. По ваквото отварање следуваше смирување на играта, која главно се одвиваше на средината на теренот, сепак кон средината на полувремето екипата на Матрикс ја започна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и успеа да ги реализира шансите кои ги створи. Во ова прво полувреме екипата на Окта немаше одговор за играта на Матрикс па на полувремето замина со негатива од 0-6. Во второто полувреме екипата на Окта на почетокот ја превзема иницијативата и се обиде да ја намали високата негатива но екипата на Матрикс одлично ја имаше поставено својата одбрана, успеа да одолее на овој притисок и преку контра-напади да го зголемува водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше 2-8.

Макпетрол рутински го доби дуелот со Пекабеско

Пекабеско 3-6(1-2) Макпетрол

Пекабеско: Мартин Здравевски 18’ 30’ 37’

Макпетрол: Мартин Дејаноски 8’ 26’ 26’ Мишо Ѓоргиевски 12’ Александар Мишоски 28’ Ибраим Исмаили 35’

makpetrol pekabesko

Во воведните минути од дуелот помеѓу Пекабеско и Макпетрол видовме цврст фубал без многу шанси за гол и на двете страни. Двете екипи се обидуваа со удари од далечина да постигнат погодок но и двајцата голмани беа одлични и не го дозволуваа тоа. Кон средината на полувремето екипата на Макпетрол успеа да реализира одличен контра-напад и да го отвори реултатот, по примениот погодок екипата на Пекабеско тргна во офанзива со голман играч со цел да го изедначи резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи успеаја да постигнат по еден погодок па на полувремето се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме видовме динамична игра, двете екипи тргнаа во жестока пресметка. Екипата на Пекабеско уште на самиот почеток ја превзема иницијативата со цел да дојде до израмнување, но сепак екипата на Макпетрол се до последниот свиреж ја имаше контролата над топката и го доби овој натпревар со 3-6.

Се вчитува...