Бизнис-лига: Победа во самиот финиш за Сава Осигурување - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Бизнис-лига: Победа во самиот финиш за Сава Осигурување

Бизнис-лига: Победа во самиот финиш за Сава Осигурување

Две интересни средби се одиграа денеска во рамките од Бизнис-лигата.

Сава Осигурување во последните секунди ги однесе бодовите

ЕВН 5-6(2-2) Сава Осигурување

ЕВН: Томи Илиевски 4’ 34’ Наум Бадаловски 7’ Виктор Валканчев 27’ 29’ 
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 8’ 23’ 32’ Данило Апостолски 10’ 37’ Мирче Маринковиќ 40′

sava evn2

Веднаш по почетниот свиреж на судиите екипите на ЕВН и Сава Осигурување тргнаа жестоко, напаѓачки кон противничките голови. Во таквиот офанзивен стил на игра од страна на двете екипи се редеа шанси од минута во минута, во првото полувреме видовме четири прекрасни гола, по два од секоја страна. Двете екипи беа рамноправни на секој дел од теренот па затоа на полувремето се отиде со резултат 2-2. На почетокот на вториот дел преку контра напад екипата на Сава Осигурување успеа да дојде до водство од 2-3, веднаш потоа екипата на ЕВН ги консолидираше своите редови и успеа да постигне два гола и повторно го превземе водството. Во последните минути од натпреварот преку прекрасниот гол на Апостолски од својата половина и одличната игра на Глигуровски екипата на Сава Осигурување успеа да направи целосен пресврт и да го добие овој натпревар со резултат од 5-6.

Македонски Телеком го доби телекомуникациското дерби против Вип

Македонски Телеком 3-2(2-0) Вип

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 19’ 20’ Стефан Наскоски 29’

Вип: Мартин Ангеловски 9’ Јовица Наумовски 40’

telekom vip

Во првото полувреме од дерби натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и Вип видовме доста претпазлив фудбал и на двете страни. Двете екипи беа фокусирани на одбрана на својот гол што резултираше со малку шанси и на двете страни. Сепак на крајот на првото полувреме со еден атрактивен удар Лазаревски успеа да го скрши мразот и да ја доведе екипата на Телеком до водство од 1-0, кратко потоа истиот играч искористи грешка во одбраната на Вип за резултат на полувремето од 2-0. Во второто полувреме екипата на Вип тргна во целосна офанзива кон голот на Телеком обидувајќи се да го изедначи резултатот, но сепак сето тоа екипата на Македонски Телеком го искористи и преку контра напади го зголеми водството, Вип успеа во последните минути да постигне два гола но не и да го сврти резултатот во своја ползa благодарение на одличните одбрани на голманот Данило Миладиновски од екипата на Телеком, па го загуби овој меч со резултат од 3-2.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.