Бизнис-лига: Систина пресилна за Лукоил

Нови три натпревари за почеток на 15. коло во Бизнис-лигата…

 

Макпетрол со колективна игра до победа над Еуро Табак

Макпетрол 8-3(3-0) Еуро Табак

Макпeтрол: Мишо Ѓоргиевски 9’ 35’ 38’ 39’ Александар Мишоски 10’ 29’ 30’ Илчо Филипоски 19’
Еуро Табак: Дејан Јанковски 22’ 40′ 40′

Интересно прво полувреме со многу шанси, атрактивни потези и одлични акции одиграа екипите на Макпетрол и Еуро Табак. Макпетрол влезе помотивирано во овој натпревар и ја презеде иницијативата уште на самиот старт, кон средината на полувремето успеаа да постигнe два погодоци за водство од 2-0. Екипата на Еуро Табак тргна со поофанзивен фудбал и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но Макпетрол доста умешно ја имаше поставено својата одбрана и не дозволи Еуро Табак резултатски да се доближи. На полувремето се замина со резултат од 3-0. На самиот старт на второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да ја ублажи високата предност на екипата на Макпетрол, по овој погодок Еуро Табак тргна во целосна офанзива по израмнување, но заборави на својата одбрана што Макпетрол вешто го искористи и преку контра напади континуирано го зголемуваше водството. На крајот од натпреварот екипата на Макпетрол ја однесе победата со резулутат од 8-3.

Систина хируршки прецизна во второто полувреме против Лукоил

Аџибадем Систина 6-4(3-3) Лукоил

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 4’ 9’ 40’ Никола Малјановски 9’ Бојан Божиновски 33’ Кристијан Димковски 39’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 7’ Лоренцо Николовски 11’ 23’ Жарко Климкаров 15’

Фуриозен почеток на првото полувреме, двата тима започнаа со жесток ритам на игра што резултираше со многу шанси и одлични погодоци. Екипата на Систина прва го скрши отпорот на противникот за водство од 1-0 во 4та минута, само неколку минути подоцна веќе во 7та минута екипата на Телеком успеа да го изедначи резултатот. Во остатокот од полувремето видовме изедначена игра со атрактивни погодоци кои следеа по грешка на противникот. На крајот на полувремето резултатот гласеше 3-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил беше таа која ја превзема иницијативата што вроди со плод уште во 23та минута, но Систина потоа ја зацврсти одбраната и со брзи акции се обидуваше повторно да ја врати резултатската неизвесност во што успеа преку својот голман Божиновски во 33. минута. Во финишот од натпреварот екипата на Систина искористи два контранапади и успеа во последните минути да ги однесе бодовите со резултат од 6-4.

ЈСП преку расположениот Павловиќ до бодовите во дуелот со Телеком

Македонски Телеком 2-4(1-2) ЈСП

Македонски Телеком: Трајче Крстев 19’ Агрон Пацоли 29’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 10’ 11’ 25’ 40’

Првата фаза од полувремето помеѓу Телеком и ЈСП измина во нешто помирно темпо и двете екипи калкулираа со играта и чекаа противникот да го повлече првиот потег. Екипата на ЈСП беше таа што успеа да нематне иницијатива и да врши постојан притисок кон противничкиот гол, што резултираше со два погодоци на Павловиќ во 10. и во 11. минута. По ова водство на ЈСП тимот на Телеком тргна нешто поофанзивно кон противничкиот гол и се обидуваше преку Пацоли како голман-играч да створи вишок во нападот со цел да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипата на Телеком успеа само да ја ублажи разликата која на паузата беше 1-2. Во второто полувреме видовме нешто поагресивен фудбал од страна на двата тима, екипата на ЈСП уште на самиот старт на полувремето ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика за која екипата на Телеком немаше решение. До крајот на натпреварот ЈСП  постигна уште два погодоци наспроти еден на Телеком, на крајот од натпреварот резултатот гласеше 2-4.

Се вчитува...