Бизнис-лига: Трилер-победа на Систина

Интересни натпревари се одиграа по продолжувањето на Бизнис-лигата…

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со Пекабеско

Пекабеско 3-7(1-4) Лукоил

Пекабеско: Дејан Неделковски 17’ 38’ Андрија Периќ 23’
Лукоил: Марјан Цветковски 8’ 9’ Лоренцо Николовски 12’ Гоце Мојсоски 13’ Мартин Алаѓозовски 25’ Анѓелчо Арсов 35’ 37’

Првата фаза од полувремето помина во одмерување на силите, со игра главно на средината на теренот. Двете екипи со удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот, Лукоил прв го отвори резултатот во 8. минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски, кој минута подоцна успеа со уште еден удар од далечина да зголеми на 0-2. До крајот на првото полувреме екипата на Лукоил ја контролираше играта и го зголемуваше резултатот за да на полувремето замине со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обиде да се врати во натпреварот притисна во нападот и успеа да го намали резултатот на 2-4, но Лукоил не дозволуваше поголемо приближување и за кратко зголеми на 2-5. Во завршницата на натпреварот составот на Лукоил не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 3-7.

Систина преку Ѓорѓиевски во последните секунди до победа над Матрикс

Матрикс 4-5(2-3) Аџибадем Систина

Матрикс: Антонио Богдановски 7’ Мирко Богески 8’ Петре Даиловски 24’ 37’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 9’ 10’ 33’ 40’ Никола Малјановски 16’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Систина и двете екипи жестоко влегоа во натпреварот и уште во самиот страт наметнаа висок реитам на игра. На двете страни видовме одлични шанси за погодок, воиграни акции и атрактивни потези. Екипата на Матрикс во 7. минута го отвори резултатот, а минута подоцна со одличен погодок на Богески го зголеми на 2-0. Систина брзо се врати во игра и во 10та минута успеа да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипата на Систина успеа да постигне гол и на паузата да замине со позитивен резултат од 2-3. Во второто полувреме двата тима породолжија со висок ритам на игра, екипата на Матрикс успеа на почетокот на полувремето да постигне погодок и да го изедначи резултатот. По ова израмнување играта се префрли на средината на теренот и двете екипи играа доста претпазливо, но Систина успеа да искористи грешка во одбраната на Матрикс и во 33. минута го превзема водството. До крајот на натпреварот екипата на Матрикс жестоко нападна се со цел да дојде до израмнување кое го постигна во 37. минута и го внесе натпреварот во неизвесен финиш. Во последните секунди Ѓорѓиевски ја пронајде дупката во одбраната на Матрикс и ја донесе победата на Систина.

Предноста на Рамстор недостижна за Еуро Табак

Рамстор 9-4(3-2) Еуро Табак

Рамстор: Емир Сулоски 4’ Фурхан Муртезан 8’ 29’ Кадри Јахија 18’ 35’ Ведат Арслан 29’ 38’ 40’Иметовски 33’
Еуро Табак: Никола Зафировски 6’ Дејан Јанковски 10’ 30’ 37’

Интересно прво полувреме одиграа Рамстор и Еуро Табак, двете екипи уште на самиот старт започнаа со офанзивна игра што резултираше со голови уште во раната фаза од полувремето. Прв до водство дојде Рамстор уште во 4. минута, на ова водство брзо одговори екипата на Еуро Табак која во 6. минута го израмни резултатот. До крајот на првото полувреме видовме уште многу шанси за гол и три погодоци, екипата на Рамстор го доби првото полувреме со резултат од 3-2. Во второто полувреме опадна темпото на игра, двете екипи ја смирија топката и чекаа на грешка на противникот за да реализираат. Екипата на Рамстор беше поконкретна и во средината на полувремето успеа да направи предност која ја задржи до крајот на натпреварот кој го доби со резултат од 9-4.

Се вчитува...