Бизнис-лига: Убедлив триумф на Систина

Со овие две средби беше заокружено уште едно коло во Бизнис-лигата….

Аџибадем Систина убедлива во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 2-8(0-4) Аџибадем Систина

Раде Кончар: Сашо Трпчевски 21’ Маријан Баждаровски 35’Аџибадем Систина: Никола Малјановски 13’ 14’ Игор Ѓорѓиевски 7’ Ивица Петровски 18’ Никола Трајковски 22’ Кристијан Димковски 26’ Далибор Дамјановски 39’ 39’

SISTINA UBEDLIVA

Првата фаза од натпреварот помеѓу Раде Кончар и Систина помина во динамично темпо и со брзи акции на двете страни. Двете екипи уште на самиот старт се обидуваа да го отворат резултатот, во 7. минута од натрпеварот екипата на Систина организираше брз контра-напад кој успеа да го реализира и да го превземе водството. По овој примен погодок екипата на Раде Кончар тргна во поофанзивна игра со цел да го израмни резултатот, но заборави на одбраната и остави голем простор за екипата на Систина која преку брзи контра напади успеа да го зголеми водството кое на полувремето изнесуваше 0-4. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар се обиде да го намали високото водство на Аџибадем Систина и делумно успеа во тоа со два постигнати погодоци , но сепак немаше одговор за денес расположената Систина. Конечен резултат 2-8. 

Халк Банка и Македонски Телеком одиграа реми

Халк Банка 1-1(0-1) Македонски Телеком

Халк Банка: Игор Стојановски 19’

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 29’

telekom2

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Халк Банка и Македонски Телеком помина со смирено темпо на игра и со одмерување на силите на теренот. И двете екипи повеќе беа фокусирани на одбраната, па затоа првото полувреме беше скормно со голови. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку шанси за погодок и како се ближеше судискиот свиреж темпото на игра се забрзуваше за конечно во 19та минута екипата на Халк Банка да постигне гол и да замине со 1-0 на полувремето. Во второт полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра и започнаа поофанзивно да атакуваат кон противничкиот гол. Екипата на Македонски Телеком се обидуваше да ја анулира предноста на Халк Банка од првото полувреме и во 29та минута преку Пацоли успеа во тоа. Последните неколку минути од натпреварот се одиграа во жесток ритам и двете екипи со сите сили се обидуваа да ги однесат бодовите, но до крајот на натпреварот ниту една од екипите не успеа да го изненади противничкиот голман.

Се вчитува...