Бизнис-лига: ВИП без одговор за Фабрика Карпош - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Бизнис-лига: ВИП без одговор за Фабрика Карпош

Бизнис-лига: ВИП без одговор за Фабрика Карпош

Нови возбудливи натпревари можеа да се проследат денеска во рамките од Бизнис-лигата.

Уника во второто полувреме до победа над Окта

Уника 7-3(3-3) Окта

Уника: Деспотовски 4’ Бесими Нухиу 8’ Љуљзим Каштањева 16’ 24’ Шабан Чупи 22’ 36’ Ибиш Мисини 31’

Окта: Александар Јовчевски 2’ Живко Котевски 6’ Никица Богдановски 16’

unika okta

Возбудливо прво полувреме со многу шанси и на двете страни одиграа екипите на Уника и Окта. Уште на самиот старт на натпреварот, во втората минута Окта го отвори резултатот преку Јовчевски, на тоа брзо водство две минути подоцна возврати екипата на Уника. До крајот на полувремето видовме уште по два гола на двете страни и на полувреме се отиде со изедначен резултат од 3-3. Во второто полувреме екипата на Уника влезе помотивирано и како повеќе да ја посакуваше победата, уште на самиот старт на полувремето успеа да направи резултатска предност која ја зголемуваше до крајот на натпреварот.

 

Фабрика Карпош преку Божиков до победа над Вип

Фабрика Карпош 6-2(2-0) Вип

Фабрика Карпош: Александар Божиков 15’ 21’ 24’ 25’ 36’ Мики Нешиќ 18’

Вип: Мартин Ангеловски 25’ Зоран Николоски 29’

fabrika karpos vip2

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Фабрика Карпош и Вип видовме доста израмнет фудбал, без многу шанси за гол и на двете страни. Играта се одвиваше на средината од теренот и двете екипи беа доста претпазливи, сепак екипата на Фабрика Карпош во 15та миута преку еден контра напад успеа да го скрши отпорот на Вип и да го отвори резултатот. До крајот на првото полувреме Вип по примениот погодок се обидуваше да го израмни резултатот, но заборави на одбраната па во последната минута од полувремето Фабрика Карпош успеа да постигне уште еден гол за 2-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош успеа да наметне свој ритам на игра и преку расположениот Божиков од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Вип денеска немаше одговор за одличната игра на противникот, па иако постигна два гола на крајот го загуби овој натпревар со 6-2.

Во динамичен натпревар Матрикс до победа над Халк Банка

Халк Банка 4-7(2-5) Матрикс

Халк Банка: Маријан Атанасовски 5’ 19’ Влатко Блажевски 27’ Игор Стојановски 38’

Матрикс: Драган Брњарчевски 8’ 10’ Петре Даиловски 9’ Антонио Богдановски 11’ Мирко Богески 15’ 31’ Ивица Алампиоски 30’

halk bank matriks

Динамично прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Халк Банка и Матрикс. Двете екипи уште на самиот почеток влегоа фајтерски со спуштен “гард“ и наметнаа пеколно темпо на игра. Екипата на Халк Банка во 5та минута преку својот голман успеа да го отвори резултатот со прекрасен удар од далечина. По примениот гол екипата на Матрикс тргна жестоко кон противничкиот гол и во свој препознатлив стил со доста комбинаторика успеа да створи чисти шанси за гол и да ги реализира со што успеа да го сврти резултатот во нивна полза. На полувремето се замина со резултат од 2-5. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам со постојани напади кон противничкиот гол. Екипата на Халк Банка се обидуваше преку својот голман да створи вишок во нападот и да ја намали негативата, но екипата на Матрикс одлично ја постави својата одбрана и успеаа да одолее на притисокот на противникот. Натпреварот заврши со конечен резултат од 4-7.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.