Блажевски: Дуелот со Амкар да го заокружиме и со прва победа во 2017 година

Аткуелниот македонски шампион, Вардар деновиве се наоѓа на подготовки во Анталија, а веќе утре го игра вториот контролен натпревар против рускиот прволигаш Амкар Перм. Фудбалерот на „црвено-црните“, Дејан Блажевски очекува позитивен резултат од утрешниот натпревар, имајќи предвид дека пред две сезони, Вардар го совлада рускиот тим со 3-0, исто на подготовки во Турција.

„Се сеќавам на тој натпревар со Амкар. Им дадов гол, и сега би посакал да им дадам уште еден. Сепак, тие руски екипи се физички многу подготвени и тешко примаат голови. Нека се повтори резултатот од пред две години. Секој натпревар сакаме да го добиеме, да го победиме, така и овие пријателски средби. Не успеавме со Стеауа иако мислам дека заслуживме барем нерешен резултат. Сепак, се надевам дека утре со Амкар ќе дојдеме до првата победа. Што се однесува до подготовките, тие течат во најдобар ред. Атмосферата во екипата е одлична, комплетни сме и сите максимално ги извршуваме задачите од нашиот стручен штаб. Работиме професионално и ќе бидеме максимално подготовени до почетокот на пролетниот дел од сезоната“ – истакна Блажевски.

Тимот на Гоце Седлоски ќе остане во Анталија до 11. февруари, а дотогаш екипата, освен со Амкар, ќе одигра натпревари против Дукла Прага, Анжи Махачкала и Терек Грозни.

Се вчитува...