Блесок на Марко Нелоски на вториот меч во Германија

Само неколку дена беа доволни за Марко Нелоски да ги покаже своите квалитети во втората германска лига, па македонскиот ракометар беше најзаслужен за победата што неговиот Кобург ја забележа на гостувањето против Рајн викингс со убедливи 13-27.

Нелоски, кој во петокот беше официјално промовиран во новиот клуб, експресно се наметна на стручниот штаб како со одличниот настап во оддбраната, така и со ефикасниот напад и шесте постигнати погодоци.

За Кобург ова беше втора победа во низа по доаѓањето на македонскиот бек, со што оваа екипа од долниот дел на табелата набрзина фати приклучок кон врвот.

Се вчитува...