Блинд пред заминување од Холандија: Играчите не ме слушаат што им зборувам…

Холандија продолжува со слаби игри во квалификациите за СП 2018, па откако „лалињата“ загубија од Бугарија оваа селекција падна на четвртото место на табелата, со значително намалени шанси за пласман на претстојниот мундијал во Русија. Селекторот Дени Блинд не го крие разочарувањето од настапот на својата селекција, вината барајќи ја кај фудбалерите кои не ги слушале неговите совети. Во меѓувреме, челниците на федерацијата најавија состанок на кој ќе се дискутира токму за иднината на селекторот, кој воопшто не ги оправда очекувањата на холандската фудбалска јавност.

„Знам дека не дојдов да бидам селектор за да бележиме вакви резултати. Треба и самиот да размислам околу својата улога, бидејќи се наоѓаме во ситуација што не ни оди во прилог. Со месеци се подготвувавме за оваа средба, верував дека сме максимално подготвени. Разочарувачки е кога врвни играчи не ме слушаат, за да ги исполнат задачите што им се даваат“ – изјави Блинд по вчерашниот пораз од Бугарија.

Само за потсетување, Холандија не беше дел од последниот европски шампионат, а слабите резултати во овој квалификациски циклус се само уште еден доказ за големиот пад на квалитет во таборот на „лалињата“.

Се вчитува...