Блокотехна доведе нов плејмејкер од САД

Блокотехна продолжува со триумфалната серија, а амбициозниот клуб од Гевгелија реши дополнително да ги засили своите редови ангажирајќи ноов кошаркар од САД. Повторно станува збор за играч на позицијата плејмејкер, каде тренерот Илиевски отана „најтенок“ по повредата на Мелори, па од денеска нов член на Блокотехна е Шакир Смит, 25-годишен кошаркар кој доаѓа од редовите на Бултекс академик од Бугарија.

Американскиот плејмејкер им е познат на челниците и на стручниот штаб на Блокотехна по настапите против македонскиот тим во рамките од БИБЛ-лигата, кои беа препорака за Смит да пристигне во Гевгелија. Тој денеска го потпиша договорот со важност до крајот на сезонава, а своето деби ќе го има в понеделник, на дербито против шампионот МЗТ Скопје.

По повредата на Мелори, Блокотехна најпрвин го ангажираше Џонатан Хадсон, но овој плејмејкер поради недоволна физичка подготвеност експресно беше отпуштен, а на негово место денеска потпишан беше Смит.

Се вчитува...