Блокотехна го разубави денот на децата од „Мајка Тереза“ (фотогалерија)

Кошаркарите на Блокотехна на денешниот тренинг имаа специјални гости, децата од центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија, кои имаа можност да се запознаат со колективот кој е најпријатно изненадување во македонскиот шампионат.

„Децата имаа можност да влезат на теренот, да се дружат со кошаркарите, да си додааваат и шутираат на кошевите заедно со нив. Истите проследија еден мини натпревар, на крај со заедничка слика и со подарок баскет за секој од нив си заминаа среќни и со насмевка! Спортот е многу повеќе од натпревар и ние како клуб сме пресреќни за оваа наша прва заедничка дружба! Најавуваме во иднина продолжување на соработката со Центарот Мајка Тереза со повторни заеднички дружења и соработка“ – гордо порачаа од КК Блокотехна.

Се вчитува...