Блокотехна храбро „падна“ во Софија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Блокотехна храбро „падна“ во Софија

Блокотехна храбро „падна“ во Софија

Екипата на Блокотехна го претрпе првиот пораз во оваа натпреварувачка сезона, откако не успеа да приреди изненадување на гостувањето во БИБЛ-лигата против Левски, губејќи по продолжение на гостувањето во Софија со резултат 99-93. Избраниците на Марјан Илиевски можат да бидат горди на своето издание откако се вратија од двоцифрена негатива, но и да жалат што не ја задржаа минималната предност со која влегоа во последната минута од регуларниот дел од натпреварот. По петте победи во низа (три во домашното првенство, две во БИБЛ), клубот од Гевгелија не успеа да забележи уште еден триумф.

Првото полувреме во поголемиот дел донесе израмнета игра, а македонскиот претставник прв посериозно се одлепи во 15. минута, кога по влегувањето на Дујковиќ тимот на Блокотехна стигна до предност од 30-37. Сепак, тогаш дојде до голем пад во играта во напад на екипата на Марјан Илиевски, која повеќе од пет минути беше без постигнат поен. Левски го искористи тоа, па со неколку сомнителни судиски одлуки (Илиевски доби и техничка грешка) бугарскиот тим поведе со 46-37, ред Мелори од линијата за слободни фрлања да ја прекине серијата од 16-0 на избраниците на Тити Папазов.

IMG_0091

Блокотехна не само што не се откажа, туку клубот од Гевгелија веќе на самиот почеток од третата четвртина се врати во овој натпревар, преку Младеновиќ и Бенџамин намалувајќи на 48-47. Голем проблем беа личните грешки, па Младеновиќ по 23 минути игра веќе имаше четири фаули, а Бенџамин, Мелори и Аврамовски по три прекршоци. Македонскиот тим стигна ја одржуваше разликата до 54-53, за потоа судиите повторно со две одлуки да му помогнат на домаќинот да се одлепи до 59-53, а потоа и до 64-55. Левски имаше и двоцифрена предност, но Блокотехна успеа да се приближи на стартот од четвртата четвртина, намалувајќи на 69-64 со поените на Бенџамин.

Истиот кошаркар повторно реализираше за 73-69, но тоа беше се што тимот од Гевгелија успеа да стори во Софија, а Бенџамин во 36. минута погоди уште еднаш, овојпат за 79-77, принудувајќи го Папазов да побара тајмаут. Младеновиќ погоди значаен шут за израмнување на 79-79, пред Мијатовиќ на помалку од две минути до крајот да донесе водство од 81-82. Македонскиот тим не искористи два напади за да дојде до поубеедлива предност, но откако Левски реализираше, на спротивната страна возврати Мијатовиќ, за водство од 83-84 на 28 секунди до крајот.

Бугарскиот тим погоди едно од двете слободни фрлања, потоа Мелори промаши исфорсирано положување, пред Аврамовски да направи почетничка лична грешка под противничкиот кош на 1,5 секунди до крајот. За среќа на Блокотехна, домашниот кошаркар Симеонов ги промаши двете слободни фрлања, па победникот беше решен преку продолжение.

Мијатовиќ и Аврамовски не можеа да му помогнат на македонскиот тим во дополнителните пет минути, а Левски знаеше да го искористи тоа и на крајот бугарскиот претставник триумфираше со резултат 99-93.

Бенџамин со 27 поени беше најефикасен кај македонскиот тим, Мелори постигна 23, додека Младеновиќ го заврши мечот со 13 поени и седум асистенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.