Блокотехна остана 100%, на ред се Левски и МЗТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Блокотехна ја продолжија успешната серија со нова рутинска победа, овојпат над Шкупи, за перфектни „пет од пет“ вкупно на стартот од сезонава (три во Првата лига, две победи во БИБЛ).

Без оглед на одличната игра, тренерот Илиевски и раководството на клубот остануваат скромни, цврсто на земја свесни дека вистинските предизвици допрва ќе претстојат. Првиот следи веќе за неколку дена во БИБЛ, на гостувањето против Левски, по што во наредното коло од домашното првенство Блокотехна во Скопје ќе му гостува на шампионот МЗТ.

Многу значајно ќе биде да се види дали за овие средби Илиевски ќе може да смета на плејмејкерот Младеновиќ, кој е еден од лидерите на новиот прволигаш, кој во голем стил (со три убедливи победи) ја почна својата авантура во елитното македонско кошаркарско друштво.

[new_royalslider id=”817″]

Се вчитува...