Бобан Николов од јануари се сели во Лудогорец!?

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред сериозна можност од јануари својата кариера да ја продолжи во бугарскиот шампион Лудогорец, дознава ЕКИПА.

Најдобриот бугарски клуб, како што дознаваме, е сериозно заинтересиран за услугите на еден од најдобрите фудбалери на Вардар па веќе е активирана и директна постапка за договор меѓу двата клуба за трансфер на Николов во јануарскиот преоден клуб.

23-годишниот Николов е желба на шефот на стручниот штаб на Лудогорец, Димитар Димитров, кој е цврсто решен да го доведе во својот клуб. Откупната клаузула од Вардар за ангажман на Николов е 700.000 евра, сума која Лудогорец, според нашите информации, е подготвен да ја плати за да го види во своите редови еден од најдобрите фудбалери од македонскиот шампионат.

Претставници на Лудогорец се очекува да бидат присутни на 7. декември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, на мечот на Вардар против Розенборг во Лигата на Европа, како во живо би го проследиле настапот на Николов во црвено-црниот дрес.

nikolov portugalija

Лудогорец во моментов е на челната позиција во бугарското првенство, а е пред пласман во 1/16-финалето и од Лигата на Европа. Бугарите на едно коло пред крајот се на втората позиција во Групата Ц, а неопходен им е само бод од последниот дуел со Хофенхајм за да дочекаат европска пролет.

Се вчитува...