Бобан Стајиќ, второ засилување за МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром го ангажираше второто ново име за новата сезона. Се работи за Бобан Стајиќ, досегашниот член на Фени индустри кој всушност се враќа во клубот од Аеродром.

По ангажманот на Дамјан Стојановски, и доаѓањето на Стајиќ се очекува МЗТ да продолжи со преговори со домашни засилувања. Новиот тренер Александар Тодоров преферира да обезбеди што повеќе македонски кошаркари во тимот, а потоа клубот ќе се фокусира и на странски засилувања.

Бобан Стајиќ се наоѓа на списокот на селекторот Јорданчо Давитков за настап во претквалификациите за настап на СП 2019 во Кина. Игра на позицијата плејмејкер, за која желба на Тодоров е и Кристијан Николов.

Се вчитува...