Богата понуда од 30 милиони фунти за Тео Волкот од Евертон

Тео Волкот веќе некое време се поврзува со заминување од Арсенал. А, негова наредна дестинација би можел да биде Евертон.

Екипата која од клупата ја предводи Роналд Куман има повеќе од доволно финансиски средства на располагање по продажбата на Ромел Лукаку во Манчестер јунајтед, па според последните информации за Волкот планираат понуда од околу 30 милиони фунти.

Волкот би добил гарантирано место во првиот состав на Евертон, нешто што го нема сега во Арсенал, а би бил извонредно засилување за тимот по ангажманот и на Вејн Руни.

Минатата сезона одигра 28 натпревари во Премиер – лигата, постигнувајќи и 10 голови.

Се вчитува...