Богут е последното засилување на Кливленд

Актуелниот НБА шампион, Кливленд кавалирс пред крајот на регуларниот дел од сезоната доведе уште едно засилување. Овој пат како слободен играч пристигна искусниот Ендру Богут.

Австралијанецот многу добро го познава тимот од Охајо со оглед на тоа дека се соочил со нив во финалните серии по последните две години како член на Голден Стејт, со кои ја освои титулата во првото од двете финалиња.

32 годишниот центар во јули 2016 година премина во редовите на Далас маверикс, но поради повреди беше трејдуван во Филаделфија, каде после само неколку дена доби отказ. Богут доаѓа во Кливленд како слободен играч, со надеж дека ќе додаде уште еден прстен и ќе помогне во одбрана на титулата.

За Богут ова ќе биде петти тим за кој заиграл во најсилната кошаркарска лига. Покрај Далас и Филделфија, тој играше за Голден Стејт и за Милвоки каде што ја започна кариерата како прв пик на драфтот во 2005 година.

Се вчитува...