Болидот на Михаел Шумахер на аукција за 3.4 милиони евра

Историскиот болид на Михаел Шумахер, Ферари Ф2001, со кој во 2001 година ја освои втората светска титула во Ф1 трките со Ферари тимот, е ставен на аукција за цена од 3.4 милиони евра. На „Сотби“ продажбата на уметнички дела, која ќе се одржи на 6. ноември во Њујорк, за прв пат автомобил, е вметнат во каталогот меѓу уметнички дела на Енди Ворхол, Марк Ротко и други познати уметници.

Со овој болид, Шумахер на трката за големата награда на Унгарија, ја освои својата четврта светска титула во Ф1 трките, втора откако стана возач на Ферари, од севкупните седум кои ги освои во кариерата.

За тимот на Ферари ова беше 11. освоена титула за најдобар тим на конструктори, од вкупно 16 на италијанскиот тим во Формула 1.

 

Се вчитува...