Болница во Мадрид: Марсело и Модриќ на листата на повредени

Реал Мадрид им се врати на победите по двата последователни порази, но на дуелот со Малага сепак даде голема „жртва“. Бројот на повредени фудбалери сега е уште поголем, откако Марсело и Лука Модриќ мечот го завршија предвреме, а причина за тоа се повредите.

Марсело го повреди бутниот мускул и првичните проценки се дека се работи за руптура, што значи дека би можел да паузира најмалку еден месец. Околу Лука Модриќ се уште ситуацијата е неизвесна, тој исто така се пожали на болки во бутниот мускул, но „кралевите“ се надеваат дека сепак нема да отсуствува толку долго. Двајцата фудбалери во текот на утрешниот ден ќе ги минат деталните лекарски прегледи, по што и дефинитивно ќе биде познато колкав период ќе бидат надвор од тимот на Зинедин Зидан.

Повредени се Герет Бејл, Пепе, Хамес Родригез и Дани Карвахал, а со Марсело и Модриќ сега листата е навистина огромна.

Се вчитува...