Болт сакал да му го подари олимпиското злато на докторот на Баерн Минхен

Докторот на Баерн Минхен, Ханс-Вилхелм Милер Волфарт имал клучна улога и успеал да го застане на нозе Усеин Болт пред финалето на 100 метри на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година. Во својата автобиографија 75-годишниот германски доктор го издвојува тој момент како најголем предизвик во својата кариера.

„Имавме само три дена. Стигнав во Рио во вторникот, а Усеин требаше да настапи во сабота. Но, имав некое добро чувство во текот на терапијата, чувствував дека секоја инјекција е дадена во точен момент“ – пишува Милер Волфарт.

На денот на олимпиското финале на 100 метри, Болт го повикал докторот да му каже дека има болки во мускулите, но германскиот доктор му кажал дека тоа е нормално и дека болката ќе исчезне за 48 часа и дека ќе може да трча.

„Усеин, движи се, едноставно движи се – болката ќе се намалува од час во часи на крај ќе исчезне“ – биле зборовите на докторот упатени кон олимпискиот шампион.

Болт го послушал, настапи во олимпиското финале и го освои златниот медал. Како благодарност за докторот што го оспособил навреме за трката, Болт потоа му го понудил медалот. Милер Волфарт во својата автобиографија пишува дека ниеден друг спортист не покажал таква јавна благодарност како што го направил тоа Усеин Болт.

„Тој ми ги подари златните спринтерки со кои го подобри светски рекорд на 100 метри во 2009 година. Усеин сакаше да ми го даде и својот медал од Рио. Но, тоа не можев да го прифатам. Му реков: Задржи го својот медал, ти си го заслужи“  – открива германскиот доктор.

Но, Болт сепак не останал должен и му го подарил врамен победничкиот дрес, со посвета „за најдобриот доктор“.

Во автобиографската книга, германскиот специјалист опишува и како почнала неговата долгогодишна соработка со Болт во летото 2002 година кога срамежливиот 16-годишен атлетичар од Јамајка се појавил во неговата ординација со болки во рбетниот стол. Оттогаш тој постојано се грижи за здравјето на најдобриот спринтер во историјата.

„Поминаа 14 години и Усеин Болт беше многу повеќе од обичен пациент, тој стана пријател и член на моето семејство. Точно паметам како тој ми влезе во срцето оној ден кога беше операцијата. На нашата прва средба не можев ни да претпоставам дека тој ќе стане најдобриот спринетр во историјата. И секогаш кога ќе се сретневме тој ме прегрнуваше како да е за последен пат“ – пишува Милер Волфарт за својот омилен пациент.

Се вчитува...