„Бомба“ на Брума, губиме со 0-2 (видео)

Разбиено делува нашата младинска репрезентација вечерва во Гдиња, откако Португалија за само дваесетина минути игра стигна до водство од 2-0. По водечкиот погодок на Ие, во 23. минута меѓу стрелците се запиша и Брума, откако новото засилување на Лајпциг со прекрасен удар од дваесетина метри го матираше немоќниот Шишковски.

Само за потсетување, Португалцитее бркаат победа од четири гола разлика за пласман во полуфиналето, што е само мотив повеќе за противникот да притиска кон нашиот гол. Македонија е само бледа сенка од првите две средби и јасно е дека селекторот Милевски ќе мора да менува нешто во играта на нашиот национален тим на овој последен меч од европскиот шампионат.

Bruma Goal HD – FYR Macedonia U21 0 – 2… by GoalReplay

Се вчитува...