„Бомба“ во најава: Понуда од 180 милиони евра за Кристијано Роналдо!

Португалскиот веник „А Бола“ најави мегатрансфер на својата насловна страница, објавувајќи дека четири клубови се во трка за Кристијано Роналдо, подготвени да платат рекордна сума од 180 милиони евра.

Наводно, Манчестер јунајтед, Монако, ПСЖ и еден неименувам кинески клуб се подготвени да издвојат за рекорд кој апсолутно ќе ја смени иднината на фудбалот. 32-годишниот „галактико“ пред неколку дена ја обезбеди 12. титула за Реал во Лигата на шампиони, станаа првиот клуб кој ја одбранил европската титула во модерната ера, а по петгодишен пост ја освоија и Примера, па португалскиот медиум смета дека за Роналдо повеќе нема предизвици во Мадрид.

bomba ronaldo

Реалноста е дека само клуб од Кина може да издвои толкава сума, но со новиот закон за купување странски фудбалери тешко дека би потрошиле богатство за да го видат Роналдо во нивната лига.

Нема дилеми дека Кристијано е „алфа и омега“ во редовите на „кралскиот клуб“, но доколку навистина биде испратена ваква понуда тоа ќе значи и сериозен испит за Флорентино Перез, да донесе одлука дали да го задржи својот најдобар фудбалер или да ја искористи последната можност добро да заработи од 32-годишниот Португалец, чија вредност на пазарот во следниот период сигурно ќе се намалува.

Се вчитува...