Бонучи: Беше или јас, или Алегри…и си заминав!

Трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан одекна како земјотрес во фудвалска Италија. Еден од најдобрите дефанзивци во италијанскиот фудбал го напушти актуелниот шампион и се пресели во лутиот ривал Милан, кој ова лето комплетно го реновира својот тим и претендира повторно да се врати на самиот врв. Конечно, почнуваат да излегуваат на виделина и вистинските информации зошто Бонучи се одлучи на ваков чекор.

Одбранбениот фудбалер бил во екстремно лоши односи со тренерот Масимилијано Алегри.

„Работата беше, или јас, или Алегри…И, на крајот си заминав“, му се исповедал Леонардо Бонучи на еден од своите најдобри другари од детството, кој е верен фан на Јувентус.

Како и да е, во Милано владее еуфорија, а во Торино фановите чувствуваат горчина поради „предавството“ на Леонардо Бонучи.

Се вчитува...