Бонучи доби црвен картон за да не игра против Јувентус?

Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи, нема да биде дел од тимот на „росонерите“ што ќе го нагости Јувентус во Милано. Тој по црвениот картон што го доби на мечот со Џенова, доби суспензија од два натпревари, а тоа значи дека ќе го пропушти и дуелот со својот поранешен тим. Дел од фановите на „старата дама“ веќе коментираат дека Лео Бонучи намерно заработил црвен картон, само да не настапи против „старата дама“ на официјален натпревар во дресот на Милан.

Од друга страна, италијанските медиуми истакнуваат дека Бонучи по поразот од Сампдорија од 2-0 минатиот месец му ја понудил капитенската лента назад на Рикардо Монтоливо. Во соблекувалната се случила расправија, а фрустрираниот Бонучи без многу размислување истакнал дека ќе ја врати лентата доколку причината за лошите резултати на тимот е токму тој.

„Ако сум јас проблемот, капитенската лента е тука, нека ја преземе одговорноста некој друг“, им посочил Бонучи на соиграчите, односно на Монтоливо, кој потоа ја одбил понудата.

Најплатениот фудбалер во Серија А, во саботата заработи црвен картон во ремито против Џенова, по што му следува суспензија од два меча, од кој едниот е дербиот против неговиот поранешен тим Јувентус.

Се вчитува...