Бонучи: Тоивонен ми го скрши носот, требаше да биде исклучен

Италијанците не поминаа како што очекуваа во Шведска. Беа многу самоуверени пред почетокот на првиот дуел од баражот за пласман на СП, но загубија од Шведска со 1-0, па сега бараат и други изговори. Дефанзивецот Леонардо Бонучи вели дека Ола Тоивонен требало да добие црвен картон, затоа што во еден дуел му го скршил носот.

„Ми го скрши носот, и Тоивонен требаше да биде исклучен. Што да кажам, по само 30 секунди…Направивме неколку грешки, и бевме бавни, но сега треба да мислиме на реваншот. Очекуваме публиката во Милано да ни помогне. Ќе биде тоа меч да се биде или не за нас, а Италија мора да оди на Светското првенство во Русија. Да не заборавиме, се играат 180 минути и треба да реагираме најдобро што знаеме“, изјави Леонардо Бонучи.

 

Се вчитува...