Борбата продолжува: Три години од скијачката несреќа на Михаел Шумахер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Борбата продолжува: Три години од скијачката несреќа на Михаел Шумахер

Борбата продолжува: Три години од скијачката несреќа на Михаел Шумахер

Кога за првпат седна во болид на Формула 1 во 1991 година Михаел Шумахер сигурно не претпоставувал дека токму тој ќе стане возачот со чие име се поистоветува Ф1. Бертранд Гоше беше задржан во Велика Британија и не можеше да вози на трката за Големата Награда на Белгија и местото во неговиот Џордан болид го исполни Михаел Шумахер. Младиот возач не ја заврши трката поради проблеми со квачилото, но една година подоцна токму на оваа патека ја освои својата премиерна победа, прва од 91 што ги освои во наредните години.

Во Џордан не остана да вози, а одлуката на неговиот менаџер Вили Вебер да иницира потпишување за Бенетон беше исправна. Токму со овој тим Шумахер започна да доминира во светот на Ф1 освојувајќи ги првите две свои титули. Во наредните неколку години, Шумахер доби понуда од Ферари, трофеен тим кого не можеше да го одбие. Од десетте години кои ги мина во италијанскиот тим половина беше крунисан како светски шампион. Пет сезони по ред Германецот доминираше на патеките, а потоа одлучи да се повлече. Три години подоцна требаше да вози како замена за повредениот Фелипе Маса, но повреда на вратот од сообраќајна несреќа со мотоцикл го спречи во таа намера.

Желбата за адреналинот на трките го примора повторно да се врати, но овој пат како член на Мерцедес. Шумахер беше активен уште три сезони, а потоа, во 2012 година, стави крај на својата богата кариера.

Ова се успесите забележани во Ф1 по кои ќе биде запаметен легендарниот возач.

На овој ден, 29. декември, се одбележуваат три години од скијачката несреќа која го остави Шумахер шест месеци во кома. Во септември 2014 година тој ја напушти болницата во Лозана и ја продолжи рехабилитацијата во својот дом. Оттогаш, малку детали се познати за неговата состојба. Бројни возачи и лица вмешани во Ф1 ги искажуваа своите сознанија за Германецот, но поголемиот дел подоцна беа демантирани од страна на Сабине Кем, неговата менаџерка. Пред три месеци, неговиот адвокат Феликс Дам обелодени дека Шумахер не може да оди.

Борбата продолжува и понатаму..

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.