Борче Маневски – големо засилување за Победа

Раководството на Победа најавите за амбициозен состав за новата натпреварувачка сезона ги претворија во дела откак потпишаа договор со Борче Маневски. Искусниот офанзивец претходно во два наврати го носеше дресот на прилепскиот клуб, а ова ќе биде негов камбек во редовите на Победа, во обид овој клуб да прикажува далеку подобри игри и резултати во однос на изминатата сезона во која прилепчани со многу мака се изборија за опстанок.

Маневски претходно настапуваше и за Работнички, Вардар, Милано, како и за матичниот клуб Пелистер, додека ангажманите во странство му беа во шампионатите на Србија, Полска, Малта и Тајланд.

За очекување е по искусниот голгетер, прилепчани во следниот период да донесат уште неколку квалитетни засилувања, со кои тренерот Штерјковски би составил конкурентен тим за следната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...