Борец Велес креира тим за враќање, по 17 години, во Првата лига!

Еден од најпрепознатливите домашни фудбалски колективи во историјата, велешки Борец се подготвува за враќање на старите патеки. Со максимално високи амбиции, под водство на новите финансиери и раководство на клубот кои го донесоа за престојнава сезона и до второлигашката конкуренција, некогаш постојаниот член на Првата лига очекува по 17 години враќање и во елитата!

Борец сезонава ќе настапува во Втората лига – Исток со комплетно нов тим, и согласно актуелниот преоден рок, веќе се издвојува како носечки фаворит за освојување на шампионатот во второлигашката конкуренција и влез во прволигашкото друштво. Последен пат Борец Велес во Првата лига на Македонија играше во сезоната 2000/2001.

За високите амбиции во новата сезона, по кам-бекот во Втората лига, потврда е ангажманот и на бројни прволигашки фудбалери. И дефинитивно договорен е трансферот на досегашните фудбалери на кратовски Силекс, Ѓорѓи Танушев и Александар Пановски, а од претходно е познато дека за новата сезона е ангажиран и досегашниот дефанзивец на штипска Брегалница, Дарко Стојанов.

Течат разговорите и со уште неколку фудбалери од Македонија ЃП и Брегалница кои треба да го комплетираат ростерот на тимот за новата сезона.

Се вчитува...