Борха Валеро на чекор до Интер

Додека Милан заврши голем дел до работата на фудбалската берза со неколку одлични засилувања, кинеските газди на Интер се уште се мачат да ги исполнат желбите на новиот тренер Лучијано Спалети. Иако се споменуваа и позвучни имиња, се чини дека „нероаѕурите“ ќе го почнат „шопингот“ со ангажман на Борха Валеро.

Шпанскиот ветеран веќе најави дека сака да си замине од Фиорентина, а италијанските медиуми тврдат дека веќе ги договорил и личните услови со „нероаѕурите“.

Првата понуда на Интер изнесуваше пет милиони евра и беше експресно одбиена, „виолетовите“ бараат седум милиони, па се очекува поради малата разлика клубовите во најскоро време да ги договорат сите детали, за Валеро и дефинитивно да потпише договор со Интер.

Се вчитува...