Бориело за историја – даде голови во Серија А за 12 различни екипи

Марко Бориело го постигна водечкиот погодок за Спал на синоќешното гостување против Удинезе, прв гол за Спал во елитното италијанско фудбалско друштво уште од дуелот со Аталанта во 1968 година (оттогаш минаа 18.018 дена).

Многу поинтересен е рекордот што 35-годишниот голгетер го израмни со овој погодок, откако стана вториот играч (крај Никола Аморузо) кој постигнал погодоци за 12 различни екипи во рамките од Серија А.

Оваа „приказна“ почна со гол во дресот на Милан во 2002 година, по што Бориело стрелаше прецизно и како член на Емполи, Реџина, Сампдорија, Тревизо, Џенова, Рома, Јувентус, Карпи, Аталанта, Калјари и сега во дресот на Спал.

Се вчитува...