Борис Бекер: Федерер е успешен поради семејството - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

Борис Бекер: Федерер е успешен поради семејството

Борис Бекер: Федерер е успешен поради семејството

Легендарниот Борис Бекер смета дека семејството е движечка сила и главен фактор за големото враќање и за извонредните настапи на Роџер Федерер во 2017 година. Швајцарецот во голем стил, без загубен сет ја запиша рекордната осма титула на Вимблдон, вкупно 19-та во неговата кариера на најуспешен тенисер во историјата на белиот спорт. Федерер сезонава се врати на врвно ниво, освои пет од седум турнири на кои играше, а меѓу нив и две гранслем титули, на Австралија опен и на Вимблдон, и после шестмесечна пауза од почетокот на годината досега напредуваше од 16.место до третата позиција на АТП листата.

federer2

„Мислам дека тајната на неговиот успех е семејниот живот, неговата сопруга и децата и целата семејна позадина која му е огромна поддршка. Без нив мислам дека ни Роџер не би можел да го направи ова што го прави сега. Тој прв успеа да го „зграби“ сето тоа и успева да ги усогласи тенисот и семејството на извонреден начин. Некои други играчи се мачат со тоа обидувајчи се сите да ги задоволат. Но Роџер направи баланс кога е тенисер, кога е татко, кога е сопруг, кога е семеен човек. Тоа е вистинската причина зошто е и понатаму успешен“ – изјави Бекер за Би-би-си.

federer

Роџер Федерер е во среќен брак со поранешната тенисерка Мирка Вавринец со која имаат четири деца, две двојки близнаци, две ќерки и два сина. Сопругата и неговото семејство го придружуваат на сите настапи и се негова најголема поддршка од трибините.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.