Борко брилијантен, реми за Барселона на гости кај Рајн Некар Левен

Борко Ристовски беше една од клучните фигури во составот на Барселона на гостувањето кај Рајн Некар Левен во дербито од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите кое по драматичниот финиш заврши без победник 31-31. „Натпревар со посебна убавина, но и тежина за мене“, напиша Ристовски пред дуелот со својот поранешен клуб за кој сега настапува Филип Талески. Но, македонскиот голман во голем стил одговори на предизвикот на добро познатиот терен во САП Арена и ја преднодеше Барселона на ова тешкото гостување во Германија. Со 16 одбрани, неколку во клучните моменти кога Рајн Некар Левен се обидуваше да фати приклучок и да направи пресврт, Ристовски ја држеше Барселона во водство и даде полн придонес за шпанскиот тим кој загуби победа во финишот.Барселона во поголемиот дел од натпреварот беше во водство, на полувремето и со шест гола разлика (12-18). Рајн Некар Левен го засили темпото во последната четвртина, неколку пати изедначуваше, но ниеднаш не супеа да го преземе водството. Дербито на колото доби драматичен финиш откако Џери Толбринг успеа да погоди за 30-30 на неполна минута пред крај. Чави Пасквал во вистински момент реагираше со тајм-аут, а Дика Мем погоди за 30-31 на седум секунди пред крај. Домаќините го имаа последниот напад кој заврши со мајсторски погодок на Грецки за конечните 31-31.Французинот Дика Мем беше најефикасен играч во составот на Барселона со седум гола. Кај домаќините капитенот Енди Шмит постигна шест гола. Филип Талески постигна еден гол од два шута кон голот на Барселона.  

Се вчитува...