Борко и Кире во елемент, Барса лесно победи

Барселона ја забележа и 24. победа во низа во АСОБАЛ-лигата сезонава откако каталонскиот гигант попладнево рутински славеше на дуелот против Синфин со убедливи 39-25. Прашањето на победникот во ниту еден момент не беше неизвесно, каталонците доминираа од првата до последната минута, користејќи го овој дуел како лесен тренинг пред двомечот со Кил во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Борко Ристовски доби шанса од првата минута на голот на Барселона и се прикажа во добро светло. Македонскиот голман го заврши натпреварот со 12 успешни интервенции. Кире Лазаров беше најдобар поединец во фазата на нападот постигнувајќи шест гола со само едно промашување, шест постигна и младиот Дика Мем, но од вкупно осум обиди.

Со оглед на фактот дека Барселона нема достоен ривал во АСОБАЛ, се освен нова перфектна сезона и 30 победи во низа на каталонскиот гигант ќе биде огромно изненадување.

Се вчитува...