Борко извонреден на голот на Барса на стартот од АСОБАЛ лигата

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски одлично ја почна сезоната во АСОБАЛ лигата во дресот на Барселона.

Во првото коло од новата сезона во шпанскиот шампионат, Барселона славеше убедливо со 34-18(17-6) против Пуерто Сагунто. Ристовски имаше 16 одбранети удари со процент на успешност од 47%, притоа бранејќи три пенали на противникот од исто толку обиди. Македонскиот голман имаше и две одбрани од трите зицери на Пуерто од шест метри.

Најефикасен во триумфот на каталонскиот тим беше Ривера со десет постигнати гола.

Се вчитува...