Борко стана капитен на Барселона

Ракометниот тим на Барселона и тимот на Барселона во мал фудбал, организираа заеднички турнир во мал фудбал на кој настапија со измешани состави од двете професионални екипи. Инцијативата за оваа заедничка акција на двете „секции“ на Барселона беше на двајцата тренери, Чави Пасквал и Андреу Плаза.

Борко Ристовски беше од четворицата капитени кои ги бираа составите на четирите екипи, заедно со Гонзало Перез де Варгас и фудбалерите Пако Седано и Жуањо.  Четирите екипи на турнирот беа составени од по седум играчи во мешан состав со ракометари и фудбалери. Победник на забавниот турнир беше тимот на Жуањо во кој десниот бек на Барселона, Дика Мем беше голман, а во составот настапија уште и Виктор Томас, Валеро Ривера, Мигел Феиксас, Рафа Лопез и Жоселино.

Барселона се подготвува за завршницата на сезоната во која ја брани шампионската титула во АСОБАЛ лигата и атакува на нова европска круна во Лигата на шампионите. Во групната фаза од Лигата на шапионите, Барселона заврши на првото место во групата А и заедно со Вардар кој е прв во групата Б, ја прескокнуваат осминафиналанта фаза и имаат директен пласман во четвртфиналето од ЛШ што ќе се игра на крајот од април.

Се вчитува...