Борко во елемент за нова победа на Барселона

Барселона ја продолжува доминантната серија во АСОБАЛ лигата со уште една убедлива победа. Во натпреварот од 7.коло, каталонците на домашен терен во „Блауграна“ славеа против Ваљадолид со 39-25.

Во победничкото издание на Барселона, уште една успешна партија на голот имаше Борко Ристовски. Македонскиот репрезентативец запиша 15 одбрани на голот на Барселона и беше еден од најзаслужните за триумфот.

Дури пет ракометари на Барселона имаа стопроцентна реализација на овој меч. Најефикасен меѓу нив беше  Аитор Аирњо со шест од шест. По четири погодоци без промашување имаа Виктор Томас и Раул Ентрериос, а три од три погодија Валеро Ривера и Јанис Лен.

Се вчитува...