Борозан и Гуглета во тимот на колото во ЛШ

Двете македонски екипи во ЛШ, Вардар и Металург, имаат по еден претставник во дрим-тим на четвртото коло од елитното европско натпреварување во кое и „вардарци“ и „металурзите“ ремизираа на гостински терен.Вуко Борозан беше незадржлив за одбраната на Пик Сегед, постигна осум гола и заслужено е именуван за најдобар лев бек ова рунда во ЛШ, додека за најдобро десно крило беше избран Гуглета од Металург, кој беше стрелец на седум погодоци на гостувањето против Мотор. ЛЕВО КРИЛО: Џери Толбринг (Некар Левен)ЛЕВ БЕК: Вуко Борозан (Вардар)СРЕДЕН БЕК: Габор Чачар (ПИК Сегед)ДЕСЕН БЕК: Жига Млакар (Целје)ДЕСНО КРИЛО: Александар Гуглета (Металург)ПИВОТ: Камил Сипжак (Барселона)ГОЛМАН: Иван Пешиќ (Брест Мешков)

Се вчитува...