Борусија Дортмунд 80 минути водеше, но не го победи Мајнц

Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжуваат со игрите топло-ладно во Бундес-лигата, откако вечерва ремизираа 1-1 на гостувањето со Мајнц, за пад од третото на четвртото место на табелата. „Милионерите“ имаат за што да жалат бидејќи први поведоа во 3. минута преку Марко Ројс, цели 80 минути имаа позитива, а потоа еден краток пад на концентрацијата им овозможи на домаќините да израмнат преку Латза.

Борусија сега заостанува дури 14 бода зад лидерот Баерн, 11 зад Лајпциг на второто место, а пред тимот на Томас Тухел сега се наоѓа и Ајнтрахт.

Marco Reus Goal HD – 1. FSV Mainz 0 – 1… by jahjahashani

%%%11 by arcturusmedia33

Се вчитува...