Борусија Дортмунд го суспендира Обамејанг, исфрлен од составот за мечот со Штутгарт

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го суспендираше својот најдобар фудбалер Пјер-Емерик Обамејанг. Тој не е во составот за утрешниот меч на гости против Штутгарт во рамките на Бундес-лигата.

Засега нема подетални информации околу суспензија, освен дека се работи за дисциплинска мерка изречена од клубот. Ова не е првпат раководството на Борусија Дортмунд да го дисциплинира Габонецот.

„Милионерите“ немаат победа на последните четири натпревари во германското првенство.

Се вчитува...