Борусија лесно ја среди и Херта

Борусија Дортмунд по првите две кола во Бундес-лигата има шест бода, исто колку и Баерн Минхен. „Милионерите“ по стартниот триумф во Волфсбург денеска славеа и на првиот домашен натпревар, на кој за ривал ја имаа незгодната екипа на Херта Берлин (2-0).

Заминувањето на Дембеле како да ја подобри атмосферата во таборот на клубот од Дортмунд, па „црно-жолтите“ одиграа квалитетен меч во кој заслужено стигнаа до цел плен. Првиот гол беше дело на Обамејанг веќе во 15. минута, а сите дилеми околу победникот во вторите 45 минути ги разреши Нури Шахин со еврогол од дваесетина метри.

Aubameyang GOAL Borussia Dortmund 1-0 Hertha… by denysenathanNuri Sahin Goal Borussia Dortmund 2-0 Hertha… by juniorrosenfeld

Се вчитува...