Босанците избраа: Душко Вујошевиќ за нов селектор

Екс-тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, ќе биде нов селектор на репрезентацијата на БиХ, откако овој стратег излезе како победник од трката во која учествуваше и поранешниот македонски селектор Алеш Пипан. Челниците на Кошаркарската Федерација на БиХ во изминатите денови ги конактирале сите кандидати (во игра биле и Ненад Марковиќ и Драган Бајиќ), за на крајот изборот да падне врз Вујошевиќ, кој ќе биде официјално промовиран по состанокот на Управниот одбор закажан за четврток.

Мислам дека го најдовме новиот селектор. Доколку не се случи нешто непредвидено, трофејниот тренер Душко Вујошевиќ од оваа седмица ќе биде нов селектор“ – објави весникот „Независни“ изјава на извор од Кошаркарската Федерација на БиХ.

Вујошевиќ моментно ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Лимож, но последните информации велат дека е близу до отказ откако уште повеќе се оддалечи од плејофот во францускиот шампионат. Тој на селекторската функција во БиХ ќе го наследи Дамир Мулаомеровиќ, кој си поднесе оставка по неуспехот во квалификациите за Евробаскет 2017.

Се вчитува...